Спротивно на тврдењето на Салвадор Дали дека нема потреба од страв од перфекција, бидејќи никогаш нема да ја достигнете – Дејвид Фостер Валас во видеото подолу раскажува поинаква приказна за амбицијата, која е потхранета од перфекцијата. Имено, овој критичар, автор, артикулатор на неискажаното, трагичниот пророк на смислата на животот зборува за „Бескрајната шега“, делото кое му донесе книжевна слава. Анимацијата во ова видео е во форма на интервју, каде што Валас одговара на прашања создадени од тимот на Blank on Blank, со помош на аниматорот Patrick Smith и PBS Digital Studios.