Џим Кери – лик кој знае да не насмее, да не расположи, па дури и да не расплаче овојпат со улога да не мотивира. Кратко видео со силна порака – време да сфатиме дека се’ што имаме е сегашниот момент. Да избегаме од канџите на минатото, да заборавиме на стравовите и грижите за иднината, да уживаме во моментот. Ниту еден момент не е обичен, па треба да му посветиме внимание без разлика колку неважен ни изгледа. Сопствените желби и страсти се единствените кои треба да се следат и да се направи се за нивно исполнување.
Ова видео е дел од обраќањто на Џим Кери адресирано до студентите на менаџмент во Универзитет во Ајова, но слушајте внимателно сигурни сме дека ќе пронајдете одредена мудрост која ќе ја прифатите. Ако тој научил нешто од татко му, ние може да научиме од него. :)