Официјалниот почеток на летото се ближи и време е сериозно да се подготвиме за летната сезона. Без разлика дали одите на работа, на дневно кафе, на вечерно излегување или на плажа, маникирот го комплетира секој изглед и му дава една посебна нота на вашиот стил. Ова лето во тренд се весели и впечатливи бои како жолта, тиркизни нијанси на сина и зелена, портокалова, виолетова и неизбежните кремасти тонови. Купете си уште денес нови лакови, налакирајте се и уживајте во сонцето.