„Префериран начин“ е серија фотографии на Sam Polcer кој во пет реони на Њујорк фотографира различни луѓе кои го преферираат велосипедот како превозно средство. Широк спектар на личности, различни карактери, од костум до тренерки… со една заедничка карактеристика – велосипедот.
Станува збор за урбани велосипедисти кои застанале пред објективот на Polcer, а велосипедот е само мал израз на нивниот животен стил.
„Во Њујорк се заљубив во велосипедизмот – со помош на велосипедот може да истражувате места кои на друг начин не би ги забележале, може да се движите побрзо низ сообраќајниот метеж, да уживате во околината без да се задушувате во метро, автобуси, кабини или во автомобил заглавен во сообраќајот. Со помош на велосипедот, Њујорк е поотворен за Вас!“