Кога големиот TIME магазин дава оценка содржана во: „Виновни се ѕвездите“ е љубовна приказна, една од повеќето вистински кои навистина може да Ве допрат, особено од последните американски изданија; која истовремено е егзистенцијална трагедија на огромна интелигенција, храброст и тага“, тогаш знаете дека наградуваниот Џон Грин веднаш се сместува во графата книги кои мора да бидат прочитани.
Кратко пред да се случи премиерата на оваа приказна на големото платно, се потсетуваме на неколку интересни и потресни цитати од книгата, која беше издадена во 2012 година. Само две години подоцна, интересот расте се’ повеќе и повеќе – во случајов, обележан преку книжевни тетоважи. Следуваат неколку примери.
1. Моите мисли се ѕвезди кои не можам да ги сместам во соѕвездие.
2. Некои бесконечности се поголеми од други бесконечности.
3. „Се плашам од заборав“, рече тој во еден момент, „Се плашам како слепиот човек од поговорката што се плашеше од темнината“.
4. Се заљубив на начин на кој ти заспиваш – полека, па потоа наеднаш.
5. Не можам да кажам колку сум благодарен за нашата мала бесконечност.
6. Тагата не Ве менува, таа Ве ослободува.
7. Светот не е фабрика за остварување желби.
8. Кој сум јас, којживеам во средината на историјата да му кажам на Универзумот дека моето набљудување е привремено?
9. Ок? Ок.