Како го замислувате совршеното катче за одмор и бегство од секојдневието? Ако тоа е некоја идилична рустична куќа која поттикнува чувство на смиреност и хармонија, тогаш чудесниот дом кој овојпат ви го претставуваме ќе ве освои со енергијата со која зрачи. Опкружена со божествените глетки на сончевата Мајорка, оваа лежерна оаза маѓепсува со свежиот изглед и релаксираната атмосфера. Пространа и пријатна истовремено, целосно е изградена од камен и дрво, а надвор ја надополнува живописна зелена градина. Во ентериерот преовладуваат кремастите, портокаловите и жолтите нијанси, давајќи му светол, свеж и сончев изглед на секој простор. Традиционалните парчиња мебел ја исполнуваат целата куќа, дрвените допири ја облагородуваат и внесуваат топлина, додека прекрасните цветни аранжмани им дават свежа нота на сите соби. Големиот трем нуди неодоливо место за оброци и дружење, а кога сончевите зраци ќе станат премногу жешки, на разладување кани базенот во градината. Сценарио од соништата, зар не? Уживајте во преубавата инспирација!
Сончева куќа за одмор
Меки бои и амбиент за комплетно уживање.