Го нарекуваат ,,белиот остров’’ и ,,островот на ветровите’’, поради куќите со чисто бели фасади и мноштвото ветерници, а едно е сигурно – на мистичниот шарм на Миконос ретко кој може да остане рамнодушен. Како вистински принц на Егејот, се вбројува меѓу најубавите нешта кои можете да ги искусите во Грција, откривајќи ги сите тајни на хедонизмот, видливи или затскриени низ уличките на овој прекрасен остров. Ќе го откриете и неверојатниот бутик-хотел Cavo Tagoo, совршено место за остварување на соништата на секој светски патник. Со автентичната градба инспирирана од традиционалната кикладска архитектура, но и модерните сместувачки капацитети и луксузните услуги, овој мал рај со 5 ѕвездички нуди несекојдневно доживување за сите сетила. Инспиративно уредените соби и фасцинантните глетки од прозорците се нешто на што тешко можете да одолеете, а преубавите тераси и приватните базени ја збогатуваат и онака раскошната понуда. Помеѓу снежната белина на ѕидовите и тиркизната магија на морските бранови, сокриена е вистинска мечта: да заборавите на се’, за комплетно да се препуштите на бајката и уживањето под сончевите зраци. Уживајте!
Бела мечта на Миконос
Несекојдневно доживување над азурните води на Егејското Море...