Прекрасниот тунел од првата епизода на “Игра на тронови” е реален и можете да го пронајдете во Северна Ирска.
Дрвјата биле посадени од семејството Stuart во 18-ти век, со цел да ги импресионираат посетителите кога доаѓаат во нивниот дом, Gracehill House. Со текот на времето гранките пораснале и ја формирале оваа прекрасна “природна катедрала”.
Фотограферите наоѓаат инспирација и го фотографираат тунелот во сите годишни времиња. Посебно е интересна легендата за ова место, дека е опседнато со Сивата Дама, што кога времето е магливо, дури и најголемите скептици ќе поверуваат.