Во неговото мало студио во источен Лондон, каде што работи повеќе од 20 години – уметникот Rob Ryan создава маркантна и сложена уметност од хартија. Со идеја и пар раце, многу од неговите дела содржат напишани парчиња поезија и проза, што на прв поглед делуваат како љубовни писма.
Овие дела се вклучени во новата книга „Paper Cutting: Contemporary Artists, Timeless Craft.“ на Owen Gildersleeve, којашто содржи уметност од хартија и на други уметници. Во описот на книгата стои – „се’ повеќе и повеќе светот се врти настрана од дигитализацијата и уште еднаш ги прифаќа несовршеностите на рачната изработка и занаетчиските практики во писмената и хартиената уметност, во оваа книга се понудени уникатни перспективи од повеќе креатори во областа на современата илустрација.“.
Книгата „Paper Cutting: Contemporary Artists, Timeless Craft.“ е достапна за продажба на Амазон, додека во прилог следуваат неколку извадоци од пишаните дела и хартиените илустрации. Инспиративна мотивација да покажете некому колку Ви значи или уште еден показател на љубовта како инспиративна сила? Одлучете сами.