Запознајте го Душан Кртолица, талентирано 11 – годишно момче од Србија. Душан е чудо од дете кое создава неверојатни детални цртежи инспирирани од природата на ниво кое е далеку над неговите години. Користи само пенкало или молив и преку своите сложени цртежи ја изразува својата фасцинираност од природниот свет. Тој има темелно познавање на сите геолошки епохи и животните кои живееле во тие периоди благодарение на енциколопедијата која му ја подариле неговите родители. За помалку од три недели, Душан веќе ја знаел целата енциклопедија за животните и неговата желба кога ќе порасне да биде зоолог се зголемила.
Душан црта од својата втора година и досега имал три национални самостојни изложби; првите две биле пред да наполни осум години. Одлична работа, му посакуваме уште многу успех во иднина.