Им верувате на сопствените очи? А што доколку она што го гледате е илузија? Нема да навлегуваме во тоа прашање, само ќе Ви претставиме дел од делата на иранскиот дизајнер и сликар Mehdi Ghadyanloo.
Ghadyanloo ни нуди огромни и разнобојни дела, кои се обидуваат да ја измамат нашата свест; совршено вклопени во средината тие ни ги претставуваат зградите на поинаков начин. Огромен аквариум, дупка во средината на зградата, лизгалка, или дете со балони… совршена можност за разубавување на градската монотонија.