Десет годишно искуство во The Montreal Quartanier магазинот, со искуство во дизајнот, типографијата, илустрацијата; со преку 1000 проекти од оваа област – Catherine d’Amours е највеќе позната по прилозите кои ги потпишува во голем број книги. Неодамна, се случуваше долг процес на избор на минималистичка типографија за збирката на книги, кои го понесоа првото место на GRAFIKA 2014. „Највеќе од се’ го обожавам дизајнот на старите плакати и споменари. Кога во моите проекти е дозволено да си играм со сопствената имагинација, тогаш ги користам овие бои и типографија“, вели дизајнерката.
„Сакам да читам. Трошам половина од моето слободно време за да го пикнам мојот нос во книга – зарем има поубаво искуство од читање и дизајнирање на книга и да бидете платени за тоа?“ – додава таа.