Станот е со површина од 70 метри квадратни, а сместен е во срцето на Барселона, Шпанија. Многу топло е уреден во внатрешноста и полн со сончева светлина, благодарение на големите прозорци и двојните балконски врати кои водат до преубавата тераса. Отворениот план на просторот визуелно го зголемува станот, во комбинација со светлите ѕидови и дрвените подови кои го облагородуваат ентериерот. Во целиот стан преовладуваат светлите и топли тонови, со контрастни детали во црна боја и дрвени допири во кујната и библиотеката во дневниот престој. Централното место во салонот и припаѓа на домашната библиотека која го покрива целиот ѕид, а модерната нота е внесена со големата метална маса за кафе. Кујната и трпезаријата споделуваат ист отворен простор, во кој совршено е позициониран големиот прозорец со поглед на терасата. Врамен е во рамка од темно дрво и богато украсен: од едната страна просторот е искористен како полица за книги, а од другата за декоративни детали. Кујнските елементи се во топли земjени нијанси со сјаен ефект, умешно балансирајќи помеѓу модерниот и класичниот стил. Станот има и мини канцеларија во која доминира црвено-зелената работна маса, но и прекрасна софа како катче за читање и релаксација. Сите врати во станот се двојни, лизгачките се со многу стакло, а отсуството на ѕидни прегради му дава пространо чувство на ентериерот и многу пријатен амбиент. Животен простор каков што секој би посакал – сончев, удобен и без никакви ограничувања. Пронајдете ја вашата омилена инспирација!