Ведар, колоритен и бескрајно позитивен дом, полн со слатки детали и разигран простор кој никого не може да го остави ромнодушен. Вака изгледа креативното гнездо на Helen Bayley, адвокатката која самата ја уредила својата семејна куќа во Бризбејн, Австралија. Куќата е комплетно реновирана, а страста на Helen кон убавиот дизајн најдобро ја покажала при уредувањето на сопствениот дом. Од самиот почеток имала јасна слика што сака од ентериерот, па, така, дневната и спалната соба се проширени, а малиот и тесен ходник е претворен во прекрасен влез полн со многу сончева светлина. Дел од куќата е срушен и одново изграден, а целта била да се добие поголема кујна со поглед на градината. Како некои од најдрагите детали, се издвојуваат клупата крај прозорецот во трпезаријата, но и преубавите шарени столчиња од eBay, секое во различна боја. Многу интересни катчиња кои мамат насмевки во овој весел дом – уживајте во разгледувањето!
Блескав дом полн со ведрина
Шарена романтика во домот на една креативна адвокатка и нејзиното семејство.