Откако разбрал за тешката ситуација на старата дама, Cesar Larios веднаш реагирал. Старицата не можела да издржи долг временски период на нозе и затоа користи помагало кога пешачи. Бидејќи возењето со лифтот се издолжило поради неочекувани причини, Cesar како секој совесен и креативен граѓанин, застанал на подот за старицата да може да седне на неговиот грб како на клупа.
Големо браво за младиот човек, кој докажа дека добрината и кавалерството не се мртви. Има сеуште надеж дека постојат вакви луѓе! :)