Фантазијата е паралелен свет создаден во умот, еден од патиштата за нејзиното претставување е преку објективот на фотоапаратот. Така, фотографот Oleg Oprisco од Украина го отвора својот ум и ни ја претставува неговата имагинација преку сопствените фотографии. Создава креативни, воглавно надреалистички фотографии. Оригиналноста на неговата работа е во тоа што тој користи стари фотоапарати како што се Kiev 6C и 88. Погледнете за што станува збор.