Основана во 1732 година од страна на Peter Faure како центар на португалската култура, уметност и интелектуална сцена во Лисабон, Bertrand Bookstore и ден денес се наоѓа на истото место. И покрај 281 години постоење, станува камен-темелник на синџирот книжарници низ Португалија, 56 на број. Единствена забелешка е што не се наоѓа на истата локација од 1732 година, поради големиот земјотрес во 1755тата кој уништува голем дел од Лисабон и кој го инспирира Волтер да ја напише „Кандид“; а чија локација е задржана во последните 238 години.
Неколку децении подоцна, основачот ја предава книжарницата на Бертранд браќата, коишто во тој момент започнуваат да се занимаваат со печатење – така што, книжарницата истовремено станува и издавачки центар, чии работилници за печатење и пишување се сместени во истата. Сместена во историскиот дел на градот, адресата Rua Garrett 73-75 е единствената која не подлежи на модернизација споредбено со останатите книжарници од синџирот, нудејќи португалски, шпански и англиски преводи.