Популарниот лосанџелски моден бренд Juicy Couture во најновата колекција за пролет/лето ’14 понуди грст атрактивни и модерни парчиња облека, кои ќе посакате да ги имате во гардероберот оваа сезона. Модната понуда за престојното лето е во лежерен тон, со винтиџ и романтичен призвук, полна со базични парчиња кои можат да се комбинираат на безброј начини. Меѓу најубавите во нивниот промотивен каталог е едноставниот бел фустан без прерамки, кој е идеален за дневни и релаксирани модни изгледи, но соодветен и за посвечени пригоди. Опуштената младешка вибрација која ја носи новата модна линија на Juicy Couture, во игриво и секси издание ја пренесуваат супермоделите Magdalena Frackowiak и Anais Mali, а за фотографиите заслужни се прославените фотографи Claudia Knoepfel и Stefan Indlekofer. Одберете го омиленото парче!