Се сеќавате на Banksy – кралот на уличните графити? Тој е најпрепознатливиот уличен уметник, а неговото најново дело е сместено на улицата Клемент во Бристол, Велика Британија. Станува збор за двајца „вљубени“ во цврста прегратка, но посветени на телефоните. Инспирацијата како што вели Banksy за овој мурал е владеењето на телефоните и технологијата врз нашиот живот дури и во интимните моменти. Зарем Ви е потребен телефон кога сте со личност која Ви значи?