Кога ќе се спои фантазијата и креативноста, резултатот е загарантиран. Токму фантазијата и креативноста се споени во фотографијата на Katerina Bal, каде што таа создава поинаква фотографија на двајца вљубени. Претставени како страшила на нива кои треба да ги плашат птиците за да го заштитат родот, така тие треба да бидат „страшила“ за сите закани и можни штетници на нивната љубов.