Исланд е вистински рај за сите истражувачи и авантуристи. Совршено место за сите сонувачи и романтичари кои не можат да им се изнагледаат на прекрасните пејсажи насликани од природата. Во Исланд спротивностите се во совршена рамнотежа. Земјиштето е како килим, внимателно исткаен од мразот, лавата или снегот. Делумно-замрзнатите водопади и глечери сјаат под прекрасната танчерка на ноќното небо – аурората.