Креативен начин да се освежи дворот и да се избегнат непотребни трошоци за нови бекатонки.
Се што Ви треба е еден голем лист, еден сад смеса од малтер и мало лопатче. Како што можете да видите на колажот, на листот се нанесува слој од малтер се додека не стврдне, а потоа листот се користи повторно за другата плочка. Се копаат вдлабнатини во земјата и се ставаат новите бекатонки.
Покрај тоа што е штедлив, овој начин е и еколошки, бидејќи не се уништува голем дел од зеленилото, а сепак се добива саканата патека.