Полската дизајнерка Sabina Królikowska од Inside Home Design, заслужна е за дизајнот на овој урбан стан во поткровје – место во кое живее и работи млад пар професионалци – графички дизајнери. Просторот е полн со светлина и многу модерно уреден, што било императив за креативната двојка. Архитектката внимателно ги избрала деталите и мебелот со кои ќе ја нагласи индивидуалноста на станарите. Успешно ги споила работниот и животниот амбиент во една целина, оставајќи им доволно простор на станарите и самите да бидат креативни. Бидејќи во ентериерот речиси и да нема преградни ѕидови, просториите се издвоени на различни нивоа. Просторот за складирање внимателно е затскриен, за ентериерот да не биде пренатрупан со мебел. Декорациите во целиот стан се базираат на графичките детали, рефлектирајќи ја професијата на сопствениците, која воедно е и нивна голема страст. Двајцата го обожуваат дизајнот, и сакале да бидат опкружени со класици од дизајнерската уметност, но и делата на млади дизајнери. Посебен шарм на овој стан во поткровје му даваат дрвените греди, како совршен контраст на модерниот ентериер. Погледнете како изгледа нивното симпатично катче!