Француската модна куќа има многу работилници и ателјеа, но вистинската магија се случува во првото и главно ателје во париското индустриско преградие Asnières, на левата страна на реката Сена. Таму веќе 150 години се произведуваат куфери и торби, но и се исполнува секој хир на клиентите. Ателјето е опкружено со голема градина, а на вториот кат во удобна и топла атмосфера е меморијалната соба на основачот на брендот, каде што обично се примаат големите клиенти и дизајнерите кои изработуваат капсулни колекции за модната куќа.
Во најсветлиот дел од куќата се наоѓаат работилницата и ателјето. Многу алати, нацрти и мерки кои уште од почетоците се чуваат во најстрога тајност. Главното дрво кое се користи е тополата. Во ателјето владее тишина и организираност и јасна поделба на задачите. Едни ја изработуваат дрвената основа, други кожата, а трети шијат. Лицата на работниците не се откриваат дека тие се најголемото богатство на Louis Vuitton, а некои од нив се таму веќе и 40 години.
Во делот од ателјето каде што се подготвува кожата има неверојатно голема количина во разни бои и облици, како и заштитниот знак Epi кожата. За егзотичните кожи има мајстори кои се посебно обучени за тоа.
Тука изгледа како времето да запрело. Во работилницата се користат минимално машини и производите се изработени од човечка рака, со многу љубов, душа и посебно внимание.