Сместена во сликовитата англиска провинција, оваа идилична кантри куќа постојано е опкружена со зеленило и живописни глетки. Убавината и раскошот од бои вешто се пресликани и во внатрешноста, која восхитува со топлината, удобноста и гостопримливото чувство, дочекувајќи во амбиент полн со цветни мотиви, весели бои и богати текстили. Смирените тонови, меките ткаенини, старинските парчиња мебел и дрвените допири и даваат рустичен тон и лежерна атмосфера, додека ведрите дезени, свежото цвеќе и слатките колоритни детали ја исполнуваат со живост, внесувајќи ја игривоста на пролетта во секое катче од домот. Блеска со позитивна енергија и оптимизам, задржувајќи го во себе традиционалниот англиски шарм, спакуван во светло и комфорно издание на кое е тешко да одолеете. Уживајте во чудесната англиска идила и поздравете ја пролетта и во вашиот дом! Прекрасна инспирација…
Kантри куќа со пролетна идила
Цветни мотиви, весели бои и богати текстили во ентериерот.