Oxford bookstore во Њу Делхи има со што да се пофали: освен својот богат книжевен асортиман и стилски ентериер, таа гордо го носи потписот на Jean-Francois Eloi Dingjian & Chafaï, француските дизајнери кои што го сочинуваат Normal Studio. Ова нивно првенче во областа на внатрешниот дизајн е изработено во стилот на западните книжарници, каде што акцентот е ставен на верноста кон интелектуализмот, како иновативен сон и повторување на знаењето. Изборот на бои, материјали и еклектични елементи го кани секој припадник на категоријата библиофили да се изгуби во просторот и полиците на оваа вонсериска творба која себеси се нарекува книжарница.
Функцијата на просторот се простира на смирени црни и бели тонови, врз чија основа живописните нијанси се поставени преку структурните невообичаености. Неонските тела околу влезот се нагласени со динамика во осветлувањето, додека влезот се карактеризира со класична архитектура. Полиците се со едноставен дизајн кој алудира на повеќе геометриски аномалии кои го окупираат централниот простор.
Покрај сето ова, книжарницата поседува и свој бар со практично-уметничка функционалност, со приоритет на удобност. Геометриски континуитет и славење на книгите како главна одлика, Оксворд книжарницата е инспиративен бисер во интелектуалниот пораст на Њу Делхи.