Ако се верува дека книжевниот свет во Македонија живее исклучиво за време на Саем на книга, тогаш оваа вест припадниците на тој свет ќе ја дочекаат со отворени раце и широка насмевка: во перидот од 08.04 – 14.04.2014 се одржува традиционалниот, 26ти по ред, Саем на книга на добропознатата локација на Скопски саем. На нивната официјална страница повторно стои „Читајќи книга овозможете си луксуз на душата….“, така што не очекува уште едно доза квалитетно дружење со најблагородниот дел од македонската популација – читатели, автори, издавачи – сите, на едно место.
Не само што овој настан преставува една од најпрестижните и најпосетените културни манифестации во земјава, тој истовремено е поддржувач на акцијата „Подари книга, подари богатство“ со поддршка на Министерството за култура, традиционално неколку години по ред. Промоцијата на литературни, трајни вредности уште еднаш станува тема на македонската јавност… додека во нетрпение го очекуваме овогодинешниот почеток, да се потсетиме на минатогодишните импресии. Дотогаш, се гледаме на Саем!