На идеите со кои им се дава нов живот на старите парчиња облека – никогаш крај. Така е и со денешниот Направи сам предлог, кој ќе им помогне на девојките да го сменат описот на некој едноставен, тесен фустан со неколку интересно комбинирани, модни детали.
Потребно Ви е:
– тесен фустан во неутрална боја
– пердуви на метар
– лепило
– украсна лента
– конец и игла
– ножици
Постапката е повеќе од едноставна: се’ што треба да е направите е да внимавате со лепењето на лентата со пердуви, да биде правилно поставена. Со тоа што ќе оставите по 5 см растојание од едното до другото лепење.
Откако ќе завршите со лепењето, со ножици исечете ја лентата. Коланот нека Ви биде местото каде што ќе ја зашиете украсната лента, која може да варира од низа со нежни камчиња или лента со аспри.
Последниот чекор е само повод да го прошетате Вашиот нов фустан! Направете го тоа според примерот на големите ѕвезди…