Кармен – Жорж Бизе 20:00-22:00 19.03.2014
Познатата приказна која постојано го потресува светот.
Диригент: Борјан Цанев
Режисер: Кузман Попов (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Марија Пупучевска
Кармен: Ирена Кавкалевска
Дон Хозе: Зоран Сотиров
Ескамилио: Ристе Велков
Микаела: Олгица Милевска
Фраскита: Александра Лазаровска Василевски
Мерцедес: Марика Поповиќ
Данкаиро: Драган Ампов
Ремендадо: Дејан Стоев
Цунига: Ернес Ибраимовски
Кратка содржина
Страста и љубомората, неминовно доведуваат до трагедија. Младиот водник Дон Хозе е на стража. На плоштадот во Севиља, излегуваат работничките од фабриката за тутун, меѓу нив е кокетната и убава циганка Кармен. Таа го заведува Дон Хозе.
Доаѓа неговата свршеница Микаела и му носи писмо од неговата мајка. Кармен предизвикува тепачка и е уапсена… му ветува љубов на Хозе и му закажува средба во крчма во Лилас Пастја, ако ја ослободи…
Во крчмата доаѓа прославениот тореадор Ескамилио, Кармен е на пат кон нова љубов со него. Доаѓа вљубениот Хозе и по средбата со Кармен дезертира и тргнува со контрабандистите на Кармен.
Но… се појавува Микаела и го изветува дека мајка му е на смртна постела. Вознемирениот Хозе влегува во двобој со Ескамилио. Кармен го спасува Ескамилио. Хозе е бесен и се заколнува дека ќе и се освети.
Во арената со бикови во Севиља народот го поздравува својот херој Ескамилио. До него е Кармен со сиот сјај, горда и среќна. Другарките ја предупредуваат дека во публиката е Хозе. Пред влезот тој ја моли да му се врати, но Кармен со презир му го враќа прстенот на Хозе. Избезумен вади нож и ја убива.