Доколку сонувате за снежна Нова Година на место во кое живее празничниот дух, каде се’ е украсено во весели бои, децатa си играат со снешковци и се влечат со санки, а возрасните уживаат во сјајот на божиќните пазари, тогаш посетете некоја од дестинациите во продолжение. Ви ги претставуваме најубавите градови во кои можете да ја испратите старата и посакате среќен почеток на новата година. Уживајте во нашиот избор и почувствувајте ја празничната магија.