,,Paris in Color’’ (,,Париз во боја‘’) e прекрасна збирка принтови кои ја прославуваат уметноста на животот во градот на светлината и љубовта. Во колоритни колажи врамени се сите интимни детали на француската метропола, малите убави нешта кои и даваат посебен шарм, а често се засенети од иконските знаменитости. Овие неодоливи креативни дела се изработени од Nichole Robertson, вљубеничка во пишувањето, фотографијата и фината уметност, која деликатно ги средува и комбинира фотографските фрагменти по боја, создавајќи стилизирани мозаици со естетска и декоративна намена. Мини разгледниците во боја се вистински празник за очите, за сите вљубеници во уметноста, дизајнот, боите, и секако – Париз! Која е вашата омилена боја?