Често забораваме колку нашата планета е полна со изненадувања, затскриени убавини и неверојатни места за кои и не знаеме дека постојат. Места, кои изгледаат како времето да застанало пред повеќе векови, со недопрената убавина на природата и куќички како од бајките, кои се сведоштво за нивната историја. За разлика од големите туристички центри, поголемиот дел од овие дестинации се само локално познати, но заслужуваат да се најдат на самиот врв меѓу најубавите места на Земјата.
По прошетката низ најмагичните локации во Италија и Франција, овојпат патуваме долж светските меридијани. Ви претставуваме дваесет локации кои ќе ве убедат дека светот навистина е чудесен. Одбравме дваесет величенствени села и мали гратчиња од целиот свет – места каде царуваат мирот и тишината, и каде секој би посакал да се сокрие и побегне од градската врева. Нема да се судрите со многубројни туристи со мапи и фотоапарати, но доколку сте вистински трагачи по авантури или љубители на природата, тогаш сигурно ќе посакате да ги посетите. Магијата постои, а на овие места таа е на дофат на дланката.