Ви претставуваме уште еден инспиративен дом кој потврдува дека скромната квадратура на станот не е ограничување за стилски и со вкус уреден ентериер. Минимализмот и едноставноста, во тандем со изборот на малку, но префинети детали, како и суптилната палети на бои ја даваат добитната формула во неговиот внатрешен дизајн. Не само што се заслужни за елегантната компонента на просторот, туку и визуелно го зголемуваат, докажувајќи дека умереноста е вистинскиот пат за удобен и пријатен дом. Добриот распоред овозможува станот да е комплетно функционален за живеење, а вклучува дневна соба, трпезарија и кујна кои комуницираат во една отворена целина, како и засебно издвоена спална соба и солидно опремена бања. Паметните решенија за складирање, пак, вешто ослободуваат дополнителен простор, а имаат и фина декоративна намена, совршено вклопувајќи се во целокупниот амбиент. Белата боја доминира во ентериерот, а особено привлечен детал е впечатливиот камин во дневната соба. Станот е со вкупна површина од 43 метри квадратни. Погледнете некои од убавите решенија и пронајдете го омилениот пример и за вашиот животен амбиент.