Со самото тоа што се наоѓа на одлична локација, со прекрасна панорамска глетка на Луберон и магијата на Јужна Франција, оваа идилична куќа веќе може да го понесе епитетот дом од соништата за многумина. Но, доволно е да се погледне начинот на кој е уреден ентериерот, за да стане јасно дека овој хармоничен дом може да послужи како инспирација во секој поглед. Куќата е стара камена градба, со првобитна површина од 100 м2, која сопственичката во соработка со локални архитекти ја има надградено за уште дополнителни 80 квадрати. Многу топло и пријатно е уредена во внатрешноста, со рустичен шарм, романтичен декор, топли дрвени допири и кокетна колоритна разиграност. Во ентериерот со примамлив кантри стил и груби камени ѕидови кои сведочат за минатото на градбата, неколку бои хармонично се испреплетени во просторот, од беж тонови, интензивна црвена па се’ до виолетова нијанса. Деталите се комбинација со традиционални парчиња мебел и суптилни декорации од пердуви и лаванда – опојниот симбол на Прованса. Мами воздишки и градината, со многу зеленило, пријатни катчиња за седење, базен и чудесни глетки на околните пејсажи. Прекрасно, зар не?
Кантри куќа за одмор
Амбиент за лежерно бегство во природа и уживање во убавините на животот.
Comments are closed.