За сите девојчиња кои пораснале во жени, дизајнерката Charlotte Olympia создаде линија на чевли инспирирана од класичните бајки во кои ужива целата човечка популација. Колекцијата носи наслов „Оnce upon a time“ и е наменета за ревијата есен/зима 2013 година, со акцент на детската верба во приказните и вечната желба да се остане дете.
Од Заспаната убавица до Црвенкапа, преку Принцот-жаба и Златокоса, овие чевли се единствени од својот вид и поради тоа не се наменети за секојдневна употреба. Нивната намена е насочена кон колекционерите и пасионираните сопственички на различни видови на високи потпетици. Прашањето останува неодговорено, дали тие ќе Ви помогнат да го најдете Вашиот принц од бајките?