Монохроматската игра со црната и белата боја, по некое непишано правило ја следат предрасуди дека е монотона, премногу стерилна или, пак, студена и атипична за да биде омилената варијанта при изборот на тонови за уредување на домот. Но, овој инспиративен стан со својот дизајн, вешто и со многу стил ги урива таквите стереотипи. Црно-белата шема е секогаш ,,ин’’, а во станбениот простор внесува доза на елеганција и драматична софистицираност, одличен избор е како за класичните ентериери, така и за оние со помодерен, па дури и авангарден дизајн. Се’ e до деталите и начинот на кој ќе се искомпонираат, зависно од преференциите и стилот на уредувањето на ентериерот. Во овој случај, станува збор за урбано станбено издание во Шведска, со површина од 83 м2, кое освојува со деликатната комбинација на црната и белата боја, присутна буквално во секој простор. Ентериерот е уреден во скандинавски стил, со минималистички пристап, а сепак делува раскошно, кокетно и префинето. Акцентот е ставен на удобноста и смирениот изглед, со продор на многу природна светлина и топло пријатно чувство од подот со дрвени допири. Деталите пак, ги сочинуваат фини детали со сјајна сребрена и златна нота, совршено вклопувајќи се во црно-белата хармонија на остатокот од опкружувањето.