Извонредно светла, топла и удобна, со прекрасен декор и хармонична атмосфера, оваа опуштена куќа е совршено убава инспирација за викенд. Сместена е во идилично планинско опкружување, а уредена суптилно, нежно и минималистички, со ентериер во кој доминира белата боја како избор за ѕидовите, мебелот и деталите, и топла рустична нота внесена со кокетниот дрвен таван. За по малку магично чувство придонесуваат слатките винтиџ украси и романтичните цветни детали, надополнети од архаичниот шарм на декорот сочинет од антиквитети. Од мноштвото прозорци, многу сончева светлина допира до секој агол, совршено поврзувајќи се со топлината од каминот и дрвените допири, што го облагородува со пријатен и примамлив амбиент буквално секое катче. Идеално конструирана да обезбеди комфорен престој на целото семејство, со функционална оспособеност, сензуални бои и меки нежни материјали и прекривки, кои гарантираат совршено поминати среќни мигови. Викендичка како пресликана од детските мечти – уживајте во глетките!
Викендичка за магични мигови
Совршено место за одмор, релаксација и опуштање во слободното време.