Постои една изрека која вели дека „убавината е во окото на набљудувачот“- а кога наблудувачот има чувство за уметност и талент истата да ја создаде, тогаш сигурно станува збор за многу успешни проекти меѓу кои и илустрации за модни списанија, каде нејзиното име е паралелно со Marc Jacobs, Tiffany’s и Mac. Овој пат, името на Samantha Hahn е врзано со насловот „Добро начитани жени“, каде спојот на акварел и фиктивни хероини ја потврдува горенаведената изрека, бидејќи шестте примери во прекрасни тоалети и избрани цитати кои следуваат во прилог се апсолутно неверојатни. Самата авторка вели дека ѝ било тешко да избере 50 женски ликови од литературата, да ги претстави во нивниот најдлабок сјај и да ги дополни со интересен цитат од нивните дијалози во конкретната книга. Моќни, оштетени, убави или итри – овие хероини секогаш ќе останат запаметени во книжевната историја.