Велат кога се сака се’ се може, а овој симпатичен уникатен дом со својата стилизираност дефинитивно го потврдува тоа. Leanne Ford Shaffer и Brad Shaffer се креативна двојка дизајнери, кои по венчавката во 2010-та година, барајќи идеално место во кое ќе го отпочнат заедничкиот живот, наишле на мошне оригинална идеја. Се одлучиле тоа да биде стара училишна барака близу Питсбург, Пенсилванија, конструирана во 1907-та година, и три години посветено и со многу љубов работеле на нејзиното преуредување. Резултатот е прекрасно уреден дом, кој целосно ги исполнува нивните желби, и во кој, три години подоцна, денес се’ уште уживаат во медениот месец. Младиот пар се одлучил за економични, но извонредно убави и рационални решенија за ентериерот, збогатувајќи го со мноштво направи-сам детали кои му даваат личен печат на просторот. За првобитната намена на градбата, денес единствено сведочи декоративно поставената табла, која со својот ретро шарм е одличен винтиџ украс кој само го наговестува нејзиното минато. Урбан семеен дом, со ентериер во кој доминираат еклектичкиот стил и белата боја, а секое катче е релаксирано, пријатно и кокетно уредено. Лежерно дизајниран, со микс на стари и нови парчиња мебел, светол амбиент и топлина постигната со дрвените допири, и декор кој носталгично навраќа со ретро убавината.
Стилизиран дом во училишна барака
За училиштето често се поврзува терминот ,,втор дом’’, но во овој случај тоа е првиот, единствениот и најубавиот дом за неговите сопственици.