Ветувањата за некого претставуваат само даден збор, за некого сигурност, за некого доверба. Даваме ветувања речиси секому, особено на луѓето кои ни значат. Време е да си ветиме нешто и на самите себе.
Ветете си… дека ќе бидете силни пред секој предизвик во животот и нема да дозволите ништо да го наруши Вашиот внатрешен мир!
Ветете си… дека секогаш ќе имате време за самите себе, за себенадоградување и дека критиките од другите нема да Ве разочаруваат, напротив ќе Ве буткаат напред!
Ветете си… дека ќе бидете максимално оптимисти и нема да имате црни мисли, ќе бидете премногу благородни за да бидете гневни, премногу самоуверени за да почуствувате страв и секогаш насмеани за да го избегнете присуството на проблемите!
Ветете си… дека секогаш ќе имате високо мислење за себе и дека тоа мислење постојано ќе го потврдувате и докажувате како оправдано пред останатите, но не со зборови, туку со дела!
Ветете си… дека ќе живеете со верувањето дека целиот свет е на Ваша страна и дека сите Ве поддржуваат под услов да сте доследни на најдоброто во Вас!
Ветете си… дека ќе успеете да им покажете на сите Ваши пријатели и сакани дека имаат нешто многу скапоцено; Вашата љубов и присуство!
Ветете си… дека секогаш ќе се радувате на успехот на другите, исто колку и на сопствените успеси!
Ветете си… дека ќе ги заборавите грешките од минатото и ќе се фокусирате на големите достигнувања кои Ве очекуваат во иднината!
И најважно, потрудете се да ги исполните ветувањата!