Игривата и шармантна куќа која ви ја претставуваме во продолжение е лоцирана во сончевата Малага, Шпанија. Восхитува со кантри-шик уредувањето на ентериерот, а и со декорот кој го сочинуваат мноштво традиционални андалузиски и марокански детали. Ќе сретнете вистински раскош од егзотични и колоритни украси, искомбинирани во несекојдневно убав микс, што му дава на домот разиграност и атмосфера на среќа која се разлева низ секое катче. Прекрасно, зар не? Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената идеја.
Кантри дом со експлозија од бои
Изобилство од ведри тонови и шарени дезени.