,,Импулсот кој ја тера да црта’’ е главниот иницијатор да започне со изработка на нови дела, а инспирацијата ја бара во чашка вино, шолја кафе и музика. Maja Wrońska e млада полска уметница, која стекнатото знаење од областа на архитектурата умешно го комбинира со дарбата за сликање, создавајќи извонредни акварели на кои ги оживува европските и светските метрополи, со емотивен и урбан приказ на нивната убавина. Во импресивната колекција на популарната авторка меѓу останатото може да се сретнат и сцени од Париз, Њујорк, Венеција, Мадрид, Виена, Лондон – сите прикажани со автентични сцени, динамика, архитектонски градби и знаменитости по кои се најпрепознатливи. Сликите најпрво ги скицира со молив, а потоа продолжува со нанесување бои на деталите, избирајќи ги сината и виолетовата боја како основа за повеќето делa, но и повремена апликација на црвената. Во продолжение ви претставуваме избрана селекција од ликовните дела на уметницата. Ги препознавате ли градовите кои се прикажани на нив?
Акварелни портрети на метрополите
Емотивен и урбан ликовен приказ на најубавите сцени и архитектонски градби.