”Cinematographics” е новата колекција ѕидни мурали од дизајнерското студио Pixers, инспирирана од познатите филмски наслови и култните ликови од светот на кинематографијата. Колекцијата содржи осум мозаици со висок квалитет, прилагодлива големина и колоритен геометриски дизајн, а мотивите се позајмени од легендарните класици и популарните нови остварувања. Одлични се за акцентирање на празниот ѕид во секој простор, како во станбените, така и во работните површини, и не само за оддавање почит на филмската уметност, туку и нејзино исползување во несекојдневно убаво и креативно решение за уметнички декор. Муралите го трансформираат секој ѕид во модерна комбинација на убавина и поп-култура, со гик-шик ефект кој и дава карактер на собата. Доколку сте љубители на филмовите, кои би сакале своето катче да го претворат во олтар на омилениот лик и приказна, или, пак, трагате по уникатно решение за уредување на ентериерот со автентичен печат, можеби токму дизајнерскиот тим на Pixers ќе ви помогне со своите креативни идеи.
Comments are closed.