Неодоливо идилична и бајковита, со традиционална градба и автентично уредување до најситниот детал, колибата Pollyanna е катче каде времето застанува, а фантазијата оживува. Сместена е меѓу зеленилата на англиското место Birlingham, а во внатрешноста дочекува со топол, пријатен и романтичен амбиент, кој е стилизиран спој на раскошот од детали и мноштво антиквитети. Архаичната градба облагородена е со мебел и драперии со рустикални мотиви, допири од дрво и цветни декорации поставено во секој агол од колибата. Целокупниот ентериер е уреден внимателно, луксузно и амбиентално, и е инспирација сам по себе. Во надворешноста пак, вниманието го одвлекува прекрасно украсениот двор – простран, со многу зеленило, расцутени цвеќиња и дрвца со овошки. Меѓу нив, на уживање канат интимните катчиња за одмор и релаксација, романтичната тераса и симпатичната мини куќичка наменета за најмалите. А кога ноќта ќе падне….
Колиба од бајките
Магична колиба за која е навистина тешко да се одлучите дали е излезена од бајките, или самата таа може да послужи како инспирација за да се напише некоја нова.