Kамената викендичка на Richard Butt е место за совршено бегство од урбаната динамика. Лоцирана е во малото рибарско место Патерностер, на западниот брег во Јужна Африка, a со својот дизајн целосно се вклопува во автентичноста на недопрената природа. Изградена е од локален камен, со мали прозорци и порта во впечатлива aква сина нијанса, налик на тонот во кој се разлева океанот кога силниот ветар ќе ги разбуди неговите бранови. Ентериерот е суптилен, свеж и опуштен, уреден мошне лежерно и неконвенционално, со деликатен спој на бели груби ѕидови, нежно сини aкценти на мебелот, дрвени допири, школки и декорации од природни материјали. На тој начин, ехото на океанот и околината умешно е пресликано и во внатрешноста, рефлектирајќи спокој, смиреност и хармонија во амбиентот. Во намерата да се задржи природноста, електричната енергија е целосно заменета со алтернативни извори за затоплување, осветлувањето е со газјени лампи и свеќи, но нималку не се губи од функционалноста, туку постигнат е неверојатно романтичен и релаксирачки ефект. Располага со 3 спални соби (1 во поткровјето), 2 бањи и мини таверна во дворот со камена печка за пица и готвење. Прекрасно стилизирана колиба, која мами водзишки со убавината и едноставноста, но и безбројните можности за уживање со сите сетила. Инспирирајте се!
Камена колиба со ехо од океанот
Eдноставна и минималистички уредена, со пријатен амбиент и стил кој рефлектира смиреност и хармонија...