Децата се најголемиот благослов и најголемиот предизвик истовремено. Приликата да се создаде, израсне и изведе на вистинскиот пат еден нов живот за кој самите Вие сносите севкупна одговорност, љубов и гордост е феномен сам по себе.
Ако децата живеат со критицизам, ќе научат да осудуваат.
Ако децата живеат со непријателство, ќе научат да се борат.
Ако децата живеат со потсмев, ќе научат да се срамат.
Ако децата живеат со срам, ќе научат да чувствуваат вина.
Ако децата живеат со толеранција, ќе научат да биде трпеливи.
Ако децата живеат со охрабрување, ќе ја спознаат довербата.
Ако децата живеат со пофалби, ќе научат како да ценат.
Ако децата живеат со праведност, ќе научат да бидат праведни.
Ако децата живеат со сигурност, ќе научат да имаат вера.
Ако децата живеат со одобрување, ќе научат да се сакаат себеси.
Ако децата живеат со прифатеност, ќе научат да најдат љубов во светот.
Воспитувањето на децата секогаш било и ќе биде ставено на дневен ред за развој на овие и сите следни генерации, при што не би требало да се запрашаме само каков свет ќе им оставиме на нашите деца. Можеби вистинското прашање е: какви деца би му оставиле на светот?