Динамичното животно темпо наметнува потреба од работно катче и во домот, каде ќе може да се извршат дополнителните работни обврски или складираат документите и неопходните реквизити. Во малите станбени објекти е невозможно да се издвои поголема и посебна површина за канцеларија, но секако може од минимумот слободен простор да се создаде стилизирана работна површина со целосно функционална намена. Напуштените агли, краевите на ходникот, или слободните простори на ѕидовите во дневната, спалната па дури и кујната – сегде се крие мал простор кој може да се претвори во мини канцеларија со голем стил. Доколку сепак имате проблем да го пронајдете, тогаш и масивните ормани можат да имаат своја ефикасна пренамена. Клучот е во едноставноста, организираноста и убавото уредување. Ви претставуваме неколку алтернативни решенија за мини канцеларии во домот, кои пред се’ привлечно изгледаат, а овозможуваат максимално рационално искористување на просторот.