,,Disney’s Animal Kingdom Lodge” e луксузен хотелски комплекс дизајниран со намера да ги внесе посетителите во магијата на африканската древна цивилизација и воодушевувачките пејзажи на саваната. Дел е од тематскиот парк на Дизни во Флорида, и е дом на преку 30 различни видови диви животни и егзотични птици. 43 акри земјиште е претворено во вистинска оаза со животинско царство, овозможувајќи неверојатно доживување за посетителите. Хотелскиот комплекс има одличен дизајн, а архитектот Peter Dominick со соработниците, и во тој поглед целосно се придржува до африканската тема. Главното здание Jumbo House e aвтентична африканска градба со конусен кров, масивен атриум со 4 различни приказни и огромен прозорец со поглед на една од саваните. Уреден е со сламен покрив, големи греди, рачно резбан мебел во златни тонови, вистински африкански артефакти и голем камин изработен од глина. Трпезаријата ги рефлектира топлите и променливи бои на зајдисонцето во Африка, а секоја хотелска соба е автентично уредена со еклектички мебел и уметнички дела од африкански сликари. Хотелот располага и со голем базен, тобоган, детски базен и џакузија, три различни ресторани, бар, спа и фитнес центар, и уште безброј можности за комплетно уживање за љубителите на егзотиката.