Во монденското француско летувалиште Сен Тропе, на површина од 4500 метри квадратни е лоцирана вилата Peninsula 1, архитектонско издание кое со стилски дизајнираниот ентериер и раскошниот екстериер ги исполнува естетските критериуми дури и на оние најпребирливите. Фантастичната локација и извонредните панорамски погледи, надополнети од луксузниот дизајн и бројните капацитети, создаваат бесконечно можности за одмор, релаксација и целосно уживање во секогаш ексклузивната Француска Ривиера. Вилата е со вкупна површина од 400м2, во кои се интегрирани дневна соба со бар, пространа трпезарија со директен пристап до модернистички екипирана кујна, и неколку спални соби, секоја со посебен тоалет и пристап до тераса, но и уникатен дизајн. Ентериерот е пријатен и комфорен, со доминација на белата, сивата и земјените тонови, многу светлост и свежина, а за избегнување на монотонијата умешно се вметнати детали во јаки и живи бои. Она уште повеќе освојува е надворешноста, романтичните тераси, базенот и инвентивното уредување на просторот за седење во градината, и најмногу од се, живописниот медитерански пејсаж кој се наѕира од секој агол.
Луксузна вила во Сен Тропе | Peninsula 1
Летна оаза за одмор од соништата на Азурниот Брег...