Дојде пролетта, бои насекаде – па и на Вашите обувки. Денес Ви претставуваме идеја како да си направите пролетни, разиграни и ефектни патики, со дезен налик на познатите „Missoni“. Брзо, едноставно, а штосно, претворете ги старите и здодевни бели патики со шарени ремек-дела.
Потребно:
- Бели платнени патики;
- Линиер;
- Хартија;
- Молив;
- Ножички;
- Разнобојни перманентни маркери.
Чекор 1. Исцртајте фигури на хартијата (по Ваша желба).
Чекор 2. Исечете ја хартијата, создавајќи шаблон за цртање.
Чекор 3. Извадете ги врвките од патиките (за да не ги обоите и нив).
Чекор 4. Поставете го претходно направениот шаблон и обележете со молив.
Чекор 5. После обележувањето со молив, почнете со боење со перманентните маркери.
Готово, Вашите пролетни „Missoni“ патики се готови!